На работно место загина 22-годишно момче во Куманово

Дваесет и двегодишно момче денеска околу 14:30 часот загина во Куманово при извршување на своите работни задачи.

Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во 14.40 во СВР Куманово, докторка од Итна Помош пријавила дека во „ФЗЦ -11 Октомври“ има починато лице. Се работи за А. Д. роден 1998 година, информираат од кумановската полиција.

Увид се уште трае, а на местото на настанот се излезени јавен обвинител и трудов инспектор.

Total
0
Shares
Поврзани објави