Бекјаровски Нико , поранешен директор на Токсикологија се обрати на министерот за здрство , техничкиот премиер и претседателот на ДИК со брање лекарите да не бидат во избирачките одбори. Еве што напиша лекарот:

Во овие најтурбулентни 4 месеци од историјата на Република Македонија, здравствените работници и полицијата беа на штитот од одбраната од невидливиот убиец. Да, можеби имаше и ситни или покрупни дезертери и во нашите редови, ама најголемиот дел совесно и беспрекорно ги извршуваше своите работни задачи, иако многу често и без доволно заштитна опрема на себе. Додека другите панично седеа дома, ние деноноќно војувавме и се уште војуваме. Се снаоѓавме како знаеме и умее да стигнеме до работното место, кога целиот превоз не функционираше. Имаше здравствени работници кои пешачеа и по 20км само да стигнат на смена во времето на полициски час. АМА НЕ СЕ БУНЕВМЕ.
Со денови, недели и месеци не сме ги виделе своите најблиски, ама тоа е дел од нашата професија. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ !!!
Кога стигна наредбата за забрана за докористување на ланските одмори, повторно достоинствено ја прифативме, иако бевме заморени. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ !!!
Кога стигна наредба за потребата од пополнување на испразнетите места на инфективните и другите COVID центри и таа задача ја исполнивме. Многумина беа прераспределени во други градови, далеку од своите домови. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ, ЗНАЕВМЕ ДЕКА Е ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТОТО ЗДРАВЈЕ.
Кога одлучивте дека не смееме да ги користиме ниту одморите од оваа година и цело лето да го поминеме потејќи се со маска, скафандер и визир на себе, си рековме, што да се прави мора, пандемијата коси. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ, ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА СЕ РАБОТИ !!!!
Вчера добив мејл дека ДИК одлучила повторно да не врати во избирачките одбори. Во држава со преку 135.000 јавна администрација, од која најголем дел ги прележа овие четири месеци, оваа одлука е повеќе од НЕБУЛОЗНА. Во денови кога ниту со постојниот преостанат здравствен персонал НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СООДВЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, наметнувањето на оваа нова нездравствена обврска ЌЕ ПРЕСТАВУВА КОЛАПС НА ВЕЌЕ ПРЕОПТЕРЕТЕНИОТ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ. Членувањето во избирачки одбори е ангажман од најмалку 5 дена. Зарем мислите дека во дадениов момент, нашето јавно здравство може да поднесе еден значаен дел од здравствените работници да е отсутен 5 дена!!!
Ако е така, зошто ни ги укинавте одморите ???
Почитувани, УКИНЕТЕ ЈА ВЕДНАШ ОВАА ПОГРЕШНА ОДЛУКА ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА !!!!
ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕКОЈ ДЕН СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА КОНТАКТИ СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА И ОПАСНОСТА ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ЗАРАЗАТА И НА ДРУГИ Е МНОГУ ПОГОЛЕМА !!!!
МЕСТОТО НА ЗДРАВСТВЕНИОТ РАБОТНИК ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА Е ПОКРАЈ БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ, А НЕ ПРЕД КУТИИ !!!!!
ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА ЌУТИМЕ !!!!!!!!!!!!!!!!