Полицијата синоќа пред полноќ растурила забава во викендичка во скопското село Волково, соопштија од МВР.

Откако добиле сознанија дека ќе има забава, по наредба од јавен обвинител полицајците влегле во викендичката каде ги затекнале 24-годишниот сопственик и уште 28 други лица. Меѓу нив, бил и 35-годишен диџеј кај кого била пронајдена и прашкаста материја.

Сите биле лишени од слобода поради сомнение за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе поднесат и кривични пријави.