Државјанин на Сирија е човекот чие безживотно тело беше најдено вчера на Шар Планина над селото Вејце на пат кон планинскот врв Кобилица, соопшти денеска СВР Тетово.

Утврдено е дека станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.

Вчера околу 11 часот, планинар од тетовско планинарско друштво, кое се движело на тој терен, во СВР Тетово пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело. Потоа екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство, соопштија од СВР Тетово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.