Можен е нов закон за заокружување на статусот на сите стечајни работници во државата?

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека се прават анализи за да се обезбедат и оние малку стечајни работници што не ги исполнуваат условите од ниту едно досегашно законско решение

Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатиле мала група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање согласно условите од претходните законски решенија.

„Една помала група наши граѓани останаа со нерешено прашање поради преодот од државни во приватни претпријатија. Затоа заедно со МТСП подготвуваме дополнителни анализи за ново законско решение за да провериме дали има можности за олеснување на критериумите за да биде опфатена и таа мала бројка стечајни работници кои останаа изземени од досегашните решенија“,

рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

Според податоците на Владата, со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата.

Тој додаде дека и тој мал број лозари, кои не биле исплатени поради несоодветно пополнети податоци од винарниците или од регистрираните откупувачи, се вклучени во петтиот пакет мерки.

Извор: 360 степени 

Total
0
Shares
Поврзани објави