Морбидно: Во битолската болница пациенти на инфузија во иста соба со починати лица

Морбидни фотографии од битолската болница на коишто се гледаат двајца починати пациенти прекриени со чаршаф се во иста болничка соба со двајца живи пациенти кои примаат инфузија, ја вознемири јавноста, известува Слободен печат.

Директорката на клиничката болница Битола, доктор Билјана Гагачовска, потврдила за весникот дека навистина ова се случило вчера во болницата во која раководи, но дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. 

Таа тврдела дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

„Информирана сум дека вчера амбулантски починале пациенти. Согласно законот веднаш се покриени, информирано е обезбедувањето, информирани се погребалните претпријатија и семејствата и фотографијата е снимена додека се пренесат во мртовечницата во болницата. Пациентот законски мора да остане два часа во институцијата во која што починал. Овие пациенти амбулантски примале терапија и починале. Фотографијата е снимена додека да се однесат во болничката мртовечница. Не се работи за ковид пациенти туку за пациенти во тријажниот дел“, изјавила за Слободен печат докторката Гагачовска.

Пациентите не биле ковид позитивни ниту суспектни, туку нивната здравствена состојба се влошила во тријажниот дел каде што се лекуваат или во потешка состојба доаѓаат пациенти со други заболувања.

Раководството на болницата уверува дека ги испочитувало сите законски обврски. Сепак, фотографијата предизвика многубројни реакции, а пациентите кои останале во собата до починатите многу се вознемириле.

Total
0
Shares
Поврзани објави