Момчињата кои пробаа да киднапираат ќерка на пратеник се тинејџери

Две лица се приведени по претходно добиена пријава за киднапирањето на ќерката на пратеник на СДСМ.

– Констатирано е дека 18-годишниот M.Ѓ. и 18-годишниот И.Ј. со патничко возило „БМВ“, управувано од М.Ѓ. се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, велат од полицијата.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

Total
0
Shares
Поврзани објави