Утрово во сообраќајна несреќа повреден е моторциклист. Поради тежината на повредите пренесен е во Скопските клиники, каде им подлегнал на повредите.

Сообраќајката во Полиција е пријавена во 3.41 часот

„На регионалниот пат Кочани – Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од седумнаесетгодишниот В.А. од с.Зрновци излетал од коловозот“,  информираат од Полицијата.

. По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

За незгодата запознаен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото од страна на увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани. Р.Д.