Мирјана Лазарова Трајковска нов судија во Врховен суд

Судијката Мирјана Лазарова Трајковска од Стразбур која во својата кариера беше и уставен судија, претседател на ДИК, а сега е советник на претседатлеот Пендаровски е избрана за судија во Врховен суд. Судијата и портпарол од Апелација е исто така нов судија во највисокиот суд. Тој одлучуваше за укинатиот притвор за Катица Јанева, пресудата за напаѓачите на Села и пресуда за Труст против Сеад Кочан. Избрана е и неговата колешка  Лидија Мартиновска и преседателот на штипска апелација Наке Ѓоргиев. Судии за АПелација не се бираа, оваа точка е одложена за друга седница.

Се бараа 6 -мина Врховни судии но судски избра 4- ца. Две места остануваат слободни бидејки останатите кандидатите не го добија потребното мнозинство гласови. Меѓу нив поранешната членка на судскиот совет Мери Дика Георгиевска која периодов беше и сведок во случајот Рекет. Беа избрани и 13 судии за основни судови. Најголем дел од академијата за судии и јавни обивнутели. Меѓу нив беше Маја Јанушева сопруга на генерланиот секретар ВМРО ДПМНЕ како кадндат за Кривичниот суд. Се бираа тројца судии а таа беше 5 -то рангирана. Беа избрани првите двајца од листата и еден кандидат кој беше зад неа но се бараше кандидат од немнозинските заедници.

Од судот во Неготино во судот во Охрид е избрана судијката Александра Поп Стефанија една од судијките за кои извесен период работеше и во кривичниот суд и  беше една од судијките за кои СЈО бараше разрешување. Здравев потврди дека тој случај бил затворен.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот…