Министерот за правда не знае ништо за скандалот Дака

Министерот за правда Бојан Маричиќ иако ветува реформи во правосудство и поефикасна борба против корупцијата, нема информација за аферата со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, во која се предвидува изградба на згради во центарот на Тетово, но и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Министерот Маричиќ, нема информации дали Јавното обвинителство има отворено истрага и покрај тоа што има обврска да отвори истрага и само по допрен глас. Тој вчера прашан за ова прашање одговори дека нема информации за овој случај, упатувајќи ги медиумите да побараат дополнителни одговори во Јавното обвинителство.

-Јас мислам дека тој беше инициран од некого пред обвинителство или беше доставено како допрен глас, и натаму е работа на обвинителството тоа да го расчисти и да постапи по тоа, секогаш јавно сме го повикувале обвинителството. Мислам дека е најдобро да се обратите за одговор до обвинителството, инаку пак ќе кажам без да навлегувам во коментирање на конкретен случај, обвинителството е должно да постапи за сите индиции, вели Маричиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави