Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.
Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши. Тој појаснува дека уште на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.
„Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антикорупциската комисија“, изјави Адеми.
 Адеми кажа дека неговата оставка не е врзана со чистката на Заев, туку за неа се разговарало изминативе 2- 3 месеци.
Асаф Адеми е втор министер за култура во актуелната Влада кој се повлекува од функцијата. Пред него Министерството за култура го водеше Роберт Алаѓозовски.
Total
0
Shares
Поврзани објави