Утре во 9ч, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска.
Целта на закажаната средба е на обвинителката да И го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.
Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.После завршувањето на средбата, околу 9.45/10ч ќе дадам изјава за медиумите пред зградата на тоа јавно обвинителство.
– соопштение – Антонио Милошоски
Поврзани објави
Поминаа 3 години водоводот во Љуботен остана само ветување
„Ви велам, вака како што сме обединети, ќе има живот и во Љуботен и во општина Бутел“. Ова…
Почина режисерот Љубиша Георгиевски
Утрово, на 81-годишна возраст, почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател и професор по театарска режија…
Видео: Тече вода од плафонот во соба за пациенти на нефрологија – Струга
Вечерва Струга ја зафати невреме и силен дожд. Низ градот има неколку поплавени месета, но најаларманта е состојбата…
Преживеа иста драма со ќерка ѝ: Весна Бејби емотивно за Радуловиќ
Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по апсењето на српскиот режисер, сценарист и учител по глума…