Миле Јанакиески на операција на срце

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има проблеми со срцето. Како што дознава КУРИР од негови блиски, Јанакиески мора да биде опериран.

Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Како што дознава КУРИР, во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

-Потребно е да му се направи трансезофагиално ехо, со камера преку хранопроводот да се дојде поблиску до срцето, за да се види да не случајно има мешање на крв. Тогаш ќе мора истовремено да се направи интервенција за тоа да се санира. Алармантно беше тоа што на стрес-тестот во 5 минути неговиот притисок многу се качи, доби градна болка, а дополнително е тука и огромниот стрес, вели нашиот извор.

Екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.

Total
0
Shares
Поврзани објави