Микрофон со лисици и истрага во медиум за објавени информации

„Уапсен“ микрофон со лисици и „заробена“ новинарска облека денеска беа донесени пред Обвинителството, како знак за поддршка на медиумите.

Колеги новинари и пријатели денеска се собраа на протест како поддршка за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски.

Против него е поднесено обвинение за објавување на материјали за случајот „Рекет“.

Во истовреме реакцијата Нетпрес објави дека тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дошле во редакцијата на НетПрес по наредба, како што рекле, на јавен обвинител.

Тие извршија разговор со главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) ) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.

НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник бараа информација од каде се добиени документите.

Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик.

Инаку како што е познато во јавноста, токму за овој случај неколку месеци по објавите на НетПрес, беа објавени и аудио снимки, објави Нетпрес.

Total
0
Shares
Поврзани објави