Мијалков се појави бил во изолација поради висока температура

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Сашо Мијалков попладнево се пријави во Обвинителството, објави ТВ 24. Во изјава за телевизијата, екс директорот на УБК посочи дека изминатите деновиве бил во изолација поради висока температура.

– Дојдов да се јавам во Обвинителството. Имав температура над 40 степени и бев изолиран со симптоми на коронавирус. Вчерашниот ден го минав во изолација. Се извинувам на цела јавност за сè што се случи. Уште еднаш повторувам дека нема да побегнам. Се извинувам на Владата, на премиерот, на министрите, рече Мијалков во изјава за ТВ 24.

извор: tv24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави