По начелното правно мислење на Врховниот суд за неможноста на СЈО да покренува обвиненија и да отвора истраги по рокот од 18 месеци, осомничените во предметот „Империја“, до кривичниот суд ќе поднесат барања за укинување на куќниот притвор, дознава „Макфакс“ од одбраната.

Тоа значи дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев и останатите четворица осомничени во оваа истрага на СЈО за кои е изречена оваа мерка, врз основа на мислењето од Врховниот суд, ќе достават барање до скопска единица да им биде укинат куќниот притвор кој им беше продолжен на предлог на обвинителството минатата недела. Образложението ќе биде дека куќниот притвор го побарал неовластен тужител.

Куќен притвор во траење од 30 дена, освен Мијалков и Камчев, добија и Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски, како дел од 12 осомничени во истрагата со кодно име ,,Империја”.

Врховниот суд на општа седница денеска пресече дека СЈО не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци, по иницијативата на двајцата адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов врз основа на Законот за судови од 2018 година.

Адвокатот Миланов по одлуката на Врховен појасни дека доколку редовното Обвинителство ги превземе овие предмети бомбите кои се дел од докзиет ова обвинителство нема да смее да ги користи. Тоа значи дека бомбите кои се индиции за наводни сторени кривични дела и станаа основен доказ на СЈО сега стануваат безвредни , но истрахата на редовното обвинителство ќе зависти од тоа колку СЈО сработило од истрагата надвор од земени изјави според наводи во бомбите.