Мијалков го бара пасошот за да се оперира во странство, Фатиме Фетаи не дава

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, пишува дневниот весник „Независен“.

Според информации на „Независен“, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.

Специјалното јавно обвинителство испратило негативен одговор до Кривичниот суд, односно обвинителката која го води случајот, Фатиме Фетаи, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот, а мислењето оттаму било потпишано од шефицата Катица Јанева или од нејзините заменички.

Еден од неговите адвокати, Љупчо Шврговски, во разговор за „Независен весник“ вели дека причината која ја навеле за да му биде вратен пасошот било тоа што Мијалков имал закажано операција на хранопроводот во странство.

„Има закажано операција на хранопровод на 14 август. Таа операција не се прави кај нас и има известување од Клиниката дека такви операции кај нас не се прават туку во странство“, ни изјави Шврговски, пишува Независен

Total
0
Shares
Поврзани објави