Мицковски повика на лидерска средба за спорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска повика на лидерска средба на релевантните политички партии каде ќе се разговара за сите битни прашања како за проблемот со Бугарија, пописот, економијата, образованието.

Мицковски смета дека сите партии заеднички треба да излезат со решенија за пробелмите затоа што на граѓаните им е преку глава од политиканство.

„Сите треба да покажеме зрелост“, рече Мицковски.

Тој вели дека е неприфатливо власта без консултации со опозицијата да истура на маса мерки против ширењето на корона вирусот и потоа да бара поддршка од неа.

„Нека се спуштат на земја и нека почнат да разговарат. Станува збор за иднината на граѓаните и на нацијата“, рече Мицковски додавајќи дека со месеци ја молеле власта да го затвори Аватар во Струмица каде сега градот ги чуствува последиците.

Според него, министерот Бујар Османи не ја кажува вистината кога негира дека нема предлози од Бгарија за нов договор.

„Очекувам повеќе политичка култура од Османи. Не верувам дека Бугарија ќе ја блокира Македонија и ги охрабрувам тоа да не го направат. И порано имав телефонска комуникација со Османи, за жал навикнат сум да слушам невистинити работи од другата страна на линијата. Многу политичари заборавија што значи чест и честитост и збор“ истакна Мицкоски.

За него е противуставно онлајн гласање на пратениците само за тоа што власта со притисоци сака да протурка закони за легализација на марихуаната.

Освен тоа, тој предупреди на можно бојкотирање на изборите за градоначалник на Штип, ако тие не бидат слободни и демократски без поткупување на гласачите.

Total
0
Shares
Поврзани објави