ВМРО-ДПМНЕ во првите 100 дена од новиот Парламент ќе предложи закон за потеклото на имотот на политичарите. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“  на ТВ Алфа, вели дека има многу политичари кои пред да влезат во политиката и од како влегле во политиката несразмерно го зголемиле сопствениот имот и имотот на сопственото семејство.

„Затоа ние велиме дајте луѓе да усвоиме во првите 100 дена еве од функционирањето на идниот парламент, закон со кој што ќе се утврди потеклото на имот на политичарите и нивните семејства и на тој начин еднаш засекогаш да се растуркаат тие пердуви кои што се расфрлани по политичарите. Ако има такви да имаат можност да докажат како го спечалиле тој имот, ако немаат тој имот со 70, 80 проценти да се оданочи и на крај да се конфискува низ една судска постапка“, изјавил Мицковски.

Тој бара да се врати довербата во институциите затоа што луѓето не веруваат ниту во судството ниту во политичарите. Р.Д.