Мицевски: Сум однел 10.000 евра кај тогашниот премиер Груевски

Силјан Мицевски денеска сведочеше во судот за случајот Талир против партијата ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање.

Тој изјави дека му давал пари на рака на Груевски, но и огромна сума на пари за МЗТ.

„Да, лично сум однел 10.000 евра кај тогашниот премиер Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата” – се збориви на Мицевски пред судот.

Total
0
Shares
Поврзани објави