Мерко ќе урива шест платформи на крајбрежјето од солидарност, за објектите не сака да чуе

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека ќе се уриваат шест платформи на крајбрежјето. Но, за нив вели дека не се дивиградби. Прашан зошто се реши да урива ако платформите се легални, Мерко вели дека тоа го прави од солидарност и доброволно. Тој повеќе од десет пати им одговори на новинарите дека во Струга нема дивоградби. Иако му беше посочено дека во извештајот на Државниот завод за ревизија пишува за дивоградбите во Струга што значи дека постојат, тој рече дека сите имаат предмет за легализација.

“Сите сакаат да се солидализираат, за Струга да не го изгуби статусот на УНЕСКО. Чекаме план од УНЕСКО, да даде план за подобар развој. Шест платформи се во Струга и за кратко време ќе се тргнат. Се работи и на други места. Во Радожда нема да се уривраат. Сите земаа обврска сами да ги отстранат, а ако треба помош ние сме тука. Овие не се дивоградби туку направени со одобренија, вие шпекулирате. Ова го правиме доброволно и солидарно”, рече Мерко.

И тој сам призна дека сите објекти на крајбрежјето во Струга, немаат концесии.

“Сите тие плаќаат такса со одобрение од 2010 година. За концесиите чекаме Влдата да донесе план да ги продолжиме”, додаде Мерко.

Струшкиот градоначалник и натаму тврди дека објектите на плажите, кои законски треба да се отстранат, не се дивоградби.

Total
0
Shares
Поврзани објави