Маж и жена најдени мртви во стан во Битола

Маж и жена на 62 и 57 годишна возраст попладнево биле пронајдени мртво во стан во Битола. Од обвинителството не соопштуваат детали туку само случајот го третираат како кривично правен настан.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави