Вандали ноќеска се изживувале врз паркираните автомобили на паркингот зад зградата Пелагонска два,  Стара болница. Натрапниците масовно ги издупиле сите гуми на паркираните возила и нанеле штети врз автомобилите. Инцидентот ги вџашил станарите кои своите автомобили ги оставаат пред влезовите на нивните згради по што веднаш пријавиле во полиција. Во овој дел на градот, иако  е во  строгиот центар на Битола, паркиралиштата се уште не се влезени под надлежност на ЈП „Паркинзи“ па станарите често се жалат на  гужви и хаос во паркирањето, но овој вандалски чин ги запрепасти сите.

текстот е сопственост на Apla.mk