Страшна трагедија се случи доцна синоќа кај Косовска Витина кога маж ги уби сопругата и синовите, а потоа се самоуби.

Четири лица беа убиени со огнено оружје во селото Пожарање кај Косовска Витина , потврдија косовската полиција и окружното обвинителство во Гњилане. Сите убиени биле членови на исто семејство .

Од полицијата велат дека е рано да се зборува за мотивите на овој трагичен случај. Сите полициски екипи се на местото на настанот.

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Витина се случило четирикратно семејно убиство и објави дека истрагата е во тек, пренесува „Коха диторе“.

Се сомнева дека Фетах Зука со огнено оружје ги убил сопругата Макфири Зука и неговите две деца Х.З и А.З., и на крајот извршил самоубиство . Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина, се вели во соопштението.