Маричиќ се залага за отворени листи на локалните избори

Министерот за правда Бојан Маричиќ верува дека власта и опозицијата може да постигнат согласност за отворени советнички листи и на локалните избори во октомври следната година.

Маричиќ смета дека тоа ќе биде чекор напред кон определбата за отворени кандидатиски листи и за една изборна единица, кои треба да се носат со консензус.

„Знаете дека и од сегашното мнозинство и од СДСМ особено, имаше определба за воспоставување една изборна единици. Сепак дали тоа ќе се случи, зависи од волјата на останатите, бидејќи тоа е системска промена за која што треба да има консензус за да може да биде спроведена. Доколку сите партии или партиите со најмногу пратеници во собранието се согласат околу оваа реформа, секако дека ќе ја вградиме“, рече Маричиќ.

Доколку не се успее во тоа, тој додаде дека е можно постигнување согласност на наредните локални избори во октомври да се овозможи еден степен повеќе на демократизација.

Total
0
Shares
Поврзани објави