Маричиќ најави скорешно објавување на планот за прочистивување на судството

Mинистерот за правда Бојан Маричиќ најави скорешно презентирање на лланот за филтрирање во правосудството, а за методологијата се работи заедно со членови на Судскиот совет, Советот за јавни обвинители, како и експерти.

Маричиќ додаде дека постојат повеќе аспекти што треба да се докомплетираат, меѓутоа моделот многу скоро ќе биде готов, кој е базиран на законските решенија од 2019 година.

„Веќе е започнат еден вид на филтрирање или прочистување и веќе осум судии се разрешени, а 83 се во постапка“, вели Маричиќ и додава дека целта е процесот да биде појасен, потранспарентен и конкретизиран, усвоен во наредните недели во соработка со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи тоа е нивна должност.

Тој очекува процесот да доведе до судство без  корупција, преку редовна и динамична проверка на работата и на судиите и на обвинителите, која ќе биде во рамките на постоечкиот закон со зајакната транспарентност и одговорност, како и етика во работењето, бидејќи само така ќе се врати довербата во правосудството.

„Тоа значи дека оние што се професионални, чесни и одговорни судии и обвинители да останат во судството и да бидат наградени, а оние кои не работат професионално, одговорно или пак има докази дека намерно застаруваат предмети и се коруптивни, да не бидат дел од судството“, констатираше Маричиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави