Малолетник се бори за живот, други две лица се тешко повредени

Три лица се хоспитализирани од кои едно сѐ уште е во животна опасност по насилната пресметка што вчера околу пладне се случи во автобус на ЈСП, број 56, помеѓу две групи малолетници.

Тешко повредениот е малолетно момче, на возраст од 16 години, кое има повреди од остар предмет и се наоѓа на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Алсат

Total
0
Shares
Поврзани објави