Македонски војници ќе учествуваат во две воени вежби на НАТО

Македонски војници во септември годинава ќе учествуваат во две воени вежби организирани од НАТО во Германија и Романија.

Одлука за тоа денеска донесе Владата, која предвидува 15 војници да земат учество на вежбата „COMBINED RESOLVE XIV ” во Германија, во периодот од 01-29 септември 2020 година.

Исто толку војници ќе бидат испратени и на вежбата „CARPATHIAN EAGLE“ во Романија, во периодот од 14-27 септември 2020 годинава. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави