Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол, пренесуват српските медиуми. Иако барањето на Приштина за членство во оваа светска полициска организација не помина ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето, земјите од регионот речиси стопроцентно ја подржаа новата република.
„За прием гласаа Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Бугарија, додека против беа единствено Романија и Босна и Херцеговина“, пренесуваат медиумите.
Во вториот круг, за приемот гласаа 51 држави, против беа 68, а воздржани 16. Ова е четврти неуспешен обид на Косово да стане дел од Интерпол.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски денеска поднесе неотповиклива оставка

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови…