Мајката на Антонјо Милошски се разболе од Ковид-19, поранешниот пратеник утре ќе се тестира за присуство на вирусот

Светлана Милошоска, мајката на Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи објави дека е позитивна на корона вирусот, дека се чекаат резултатите од тестирањето на нејзниот сопруг, а поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ утре треба да се тестира.
Таа во објавата до пријателите и колегите вели дека има должност да ги извести дека е се разболела од Ковид 19.
„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура. Направив тестирање во текот на вчерашниот ден и за жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот“, вели Милошоска во објавата.
Таа објаснува дека на епидемиолозите им ги посочила сите лица со кои била во контакт. меѓу кои и сопругот и нејзиниот син Антонијо.
„На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“, вели Милошоска.

Total
0
Shares
Поврзани објави