Магаре дојде пред Влада, го бара грантот од 83.000 евра

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа магаре, врзано спроти зградата на македонската влада.

Според видеото магарето е врзано на едно дрво на улицата „Илинденска“ во Скопје , а во описот на објавата стои: Аууууу другари драми, магаре дошло пред влада :))))) ваљда ќе го бара грантот од 83.000€…бруки.

Не е јасно дали се работи за случајност или се работи за герила акција против финансирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на проекти за тренинг на магариња.

По последните скандали што ја тресат аганецијата, вицепремиерто за борба против корупција, Љупчо Николовски, најави разрешување на директорката Лидија Димова.

Total
0
Shares
Поврзани објави