Лукаревска се врати во Управата за јавни приходи

Владата ја именува Сања Лукаревска за в.д. директор на Управата за јавни приходи откако претходно Собранието констатираше престанок на пратеничкиот мандат.

Исто така, Бајрам Реџепи е избран за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Владата му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

Вршител на должност директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е именуван Фатмир Арифи.

Total
0
Shares
Поврзани објави