Директорката на УЈП, Сања Лукаревска е избрана за заменик претседател на СДСМ на денешниот конгрес на партијата, дознава 24 Инфо.

Во тек е изборот на членови во сите органи на партијата, како и потпредседатели.

На дигиталниот изборен конгрес, на кој ќе се потврди изборот на Зоран Заев за старо-новиот лидер и ќе се избере и Централен одбор, по што следува избор на нов Извршен одбор, потпретседатели, како и секретари – генерален секретар, организациски секретар и секретар за меѓународна соработка.

Во моментов функцијата потпретседател ја вршат Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Мила Царовска и Коста Петров, а на конгресот најверојатно нивниот број ќе се намали на три.

Како најсериозни кандидати се Спасовски и вицепремиерот Фатмир Битиќи.