Љубчо ги брани ставовите на Заев

ВМРО-Народна партија ја поздравува храброста со која премиерот Зоран Заев зборува за македонската историја во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

Партијата на Љубчо Георгиевски тврди дека тоа што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално го соопштил.

„Сите работи што ги зборуваше Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано“, стои во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Тие се збунети од острите тонови на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внела идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава.

Total
0
Shares
Поврзани објави