Лидија Раичевиќ: Обвинителството може да се промени и добро да работи

Обвинителката Лидија Раичевиќ , кандидат за нов Јавен обвинител денеска изјави дека доколу ја добие функција очекува позитивни рефирми во обвинителството и поголема доверба на граѓаните во институцијата.
“Времето е премногу тешко и мислам дека обвинителската историја ќе забележи ваков момент кога се избира државниот јавен обвинител. Но тоа е уште поголем предизвик и затоа јас решив како влог и должност кон институцијата во која работам да го прифатам овој предизвик и конкурирам. Се разбира тоа е само еден дел од мотивот, состојбите се многу сложени јас сум свесна наполно за тоа, но и очекувам дека ќе почнат изборите на државните јавни обвинители да добиваат објективни критериуми за што ова е еден вид на тест.
Верувам дека ЈО и ќе се промени и може добро да работи да ја добие својата позиција и ќе биде институција достојна за почит. Ви тврдам дека тоа може да се постигне без оглед на сите искушенија и притисоци “, изјави обвинителката Раичевиќ која водеше и води познати предмети во јавноста од организиран криминал. Таа е обвинител во предмет против Љубе Бошкоски, а последниот кој го доби е предметот Еразмус , против професори од Економскиот факултет.

Total
0
Shares
Поврзани објави