Ленче Ристоска од СЈО прва ќе добие пресуда за предмет “уништување на докази за прислушување”

Обвинителката Ленче Ристовска од СЈО е прва од ова обвинителство која стигна до крајот на постапка за еден од најважните предмети кои ги отвори обвинителството. И покрај тоа што клучниот обвинет е во бегство, судот а истера постапката до крај и во среда ќе ја соопшти пресудата за случајот Тврдина 2.
Обвинителката Ристоска побара побара максимална затворска казна за поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски и токму бегството го окаректиризира како една од отежителните околности зошто судот треба да изреше осудителна пресуда. Таа за останатите побара алтернативна казна но со забелешка дека ниту еден од нив во текот на судскиот процес не се покаја за тоа што според СЈО го направиле. Мотивот на службениците без дамка во работното досие да го направат кривичното дело споре обвинителката е „да се уништат доказите за лицата кои го правеле прислушувањето”.
Адвокатот на Грујевски, Љупчо Шврговски побара судот да ги ослободи обвинетите од обвиненијата, бидејќи во овој случај не постои кривично дело.

Total
0
Shares
Поврзани објави