Леден дожд и паднати дрва на патот кон Маврово (ФОТО)

Паднати дрва и одрони утрово ги затекнаа возачите на патот кон Маврово. Поради тешко проодниот пат сликата кон двата патни правци е колона возила, а причината за паднатите дрва се обилните дождови кои наврнаа вчера и продолжија и во текот на утрово, како и ледениот дожд.

Екипите од рано утрово се на терен и се обидуваат да ги тргнат дрвата и одроните кои се паднати на патот и го попречуваат движењето на возилата. 

Заради расчистување на материјалот утрово во неколку наврати имаше и застој. Во моментов возилата се пропуштаат наизменично.

Според првичните информации на службите кои работат на терен три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон Маврово на неколку места паднати се дрвја и има одрони од земја и камења. Утрово околу 11 часот екипи со механизација се излезени на терен и работат на нормализација на сообраќајот.

Зголемениот обем на сообраќајот причинува на моменти да се создаваат и колони, бидејќи возилата се пропуштаат наизменично од двете страни.

Од службите апелираат до патниците и возачите на трпение и внимателност, бидејќи врнежливото време дополнително го отежнува сообраќајот во овој дел од земјата.

текстот и фотографиите се сопственост на МКД.МК

Total
0
Shares
Поврзани објави