Лора Купер, заменик-помошник секретар за одбрана на САД вели дека е охрабрена што водството на Северна Македонија ќе преземе практични мерки да ја исчистат корупцијата и да ги реформираат институциите.

Во врска со најавената блокада од Бугарија за преговори за членство со Северна Македонија, Купер за Гласот на Америка изјавила дека  земјата покажала капацитет да изгради цврсти односи со соседите и да се спротивставува на поделбите.

Според неа, членството во НАТО ќе донесе поголема стабилност, не само за Северна Македонија, туку и за регионот.