Во Охридското езеро денеска се удави едно лице.Н еофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус. Момчето паднало од педалинката. Во тек е увидот од страна на полициски екипи и се работи на утврдување на идентитетот на лицето, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Курир. Охридската полиција пред околу два часа добила пријава дека во водите на езерото кај плажата Магнус исчезнало машко лице откако скокнало во Охридско од пловен објект, по што не се појавило на површината. Димоски вели дека екипа на езерската полиција веднаш излегла на терен, по што по извршената потрагата било пронајдено безживотно тело на машко лице кое било извлечено од езерото.
Поврзани објави
Разбојници убиле жител од Инџиково пред неговата сопруга
Жител на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица. Според првичните…
Утрово продложи изградбата на високатницата до “Мајчин дом”
Утрово проработеа багерите за изградба на деветокатницата во Аеродром, кај Мајчин дом, откако Уставниот суд ја одби поднесената…
Од утре задолжително поседување на зимска опрема
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да…
Приватните превозници утре ќе ја блокираат Илинденска, ако нема решение, од понеделник најавуваат целосна блокада на Скопје
Координативното тело на приватните превозници одлучи утре со почеток од 6 часот наутро да ја блокира улицата Илинденска…