Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Судот вечерва му одреди куќен притвор на Стевчо Јакимовски, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување за периодот кога беше градоначалник на општина Карпош.

Обвинителството бараше на Јакимовски да му биде одреден затворски притвор, но поради здравствената состојба Судот одлучи тоа да биде куќен притвор.

Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Митко Чавков

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност…