Дваесет и две годишен скопјанец бил тешко повреден во синоќешното пукање во скопската населба Ченто кога напаѓачите од полуавтоматско оружје испукале повеќе од 30 куршуми во автомобилот во кој се возел.Тешко повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за торакална хирургија. Според лекарите нему му биле нанесени тешки повреди и животот му е во опасност.

Пукањето се случило синоќа, на улицата Алија Авдовиќ, пред Основното училиште „25 Мај“.

Напаѓачот од полуавтоматско оружје со повеќе од 30 куршуми го изрешетал автомобилот „мерцедес-бенц“ во кој бил тешко повредениот и уште едно лице коe поминалo без посериозни повреди.

Од МВР сѐ уште не соопштуваат детали за вооружениот напад кој ги вознемири жителите на Ченто.

Се претпоставува дека се работи за крвна одмазда.

фото : Експрес.мк