Крвава свадба во Тетово двајца ранети, едниот син на функционер од ДУИ

Инцидент се случил во вечерните часови, а според извори на АЛСАТ, еден од повредените се здобил со потешки рани од куршуми и истиот е однесен во клиниките во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опасност и е задржан во болницата во Тетово, со полесни повреди.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот. АЛСАТ дознава од извори дека едниот од повредените е син на пратеникот Џеват Адеми, Ф.А додека вториот повреден, А.Б, е исто роднина на пратеникот. Сè уште не се знае кој пукал, бидејќи изворите зборуваат за истрели од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави