Кривична пријава и суспензија од работа за полицаецот кој нападна Ром

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека против полицаецот кој вчера брутално нападна ром од Битола е покрената кривична пријава. Освен тоа, полицаецот и негов колега кој бил присутен за време на инцидентот се суспендирани од работа.

– МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, рече Спасовски.

Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во велешко. Приведени се четири лица и има 10 осомничени лица. Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството. 

Total
0
Shares
Поврзани објави