Криел кај баба му дома кило марихуана и садници

Основното јавно обвинителство  Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на 27 годишна возраст од с. Селемли, Општина Богданци за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот,  во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии.  Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis  во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.​

соопштение JO

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Злоупотреби на ЕУ знаменцето, зголемени случаи на висока корупција – евроамбасадорот Гир со дел од забелешките во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија

Загриженост во врска со политичката поларизација, посебно во делот на реформите, прекумерна, а некогаш и непотребна употреба на…