Костовски задоволен што Народна банка поднесе пријави за стечајот на Еуростандард

Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, ја поздрави одлуката на Народната банка да покрене кривични пријави против раководството затоа што ја однеле банката во стечај.

Костовски тврди дека е задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај.

„Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка„, вели Костовски во соопштение за јавност.

Тој смета дека ваквата реакција на Народна банка уследил по неговите колумни во медиумите објавени неделава.

Не се плашам, останува на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, вели Костовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави