Координативното тело за помирување – укажување до судот да има фер судење за 27ми април

Во состав на Конститутивното тело за помирување ќе функционираат три работни групи. Едната ќе биде задолжена за реформи, другата за помирување и третата за интеграција. Ваквата одлука следуваше по денешниот состанок на Телото одржан зад затворени врати.

-Ние се согласивме дека основни начела на кои се заснова нашата работа се реформа, интеграција, помирување и простување. На денешната седница се согласивме да формираме три подгрупи за реформата, интеграцијата и помирувањето. Интеграцијата се однесува на уставните измени за членство во ЕУ и НАТО. Втората подгрупа е за поширок план на помирување и ќе работи на решенија поврзани со настаните за 27 април. Ќе има долгорочен план. Ова е чин на консензус меѓу одговорни пратеници кои сметаат дека без соработка за темите кои нè делат не може да одиме во реформи и интеграција“, изјави Фросина Ременски.

Третата подгрупа, додаде таа, ќе биде за реформски процес по ЕУ-агенда. „Тоа ќе го овозможиме преку инклузивен процес и носење одлуки за реформи и двотретински закони да се градат преку консензус. Сите овие процеси се врзани и детерминарни и ќе одат во еден здив и пријатна атмосфера“, рече Ременски.

Не му кажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април, изјави копретседателката на координативното тело за помирување и интеграција, Фросина Ременски.

Координативното тело за помирување се очекува да заседава повторно во петок.

Total
0
Shares
Поврзани објави