Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани

Полициска акција се спроведува во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема количина на кокаин, потврдуваат извори за КУРИР. Коакинот бил откриен во пратка со банани.

За оваа акција се огласи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога, пишува Чулев на Фејсбук и додава дека целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата.

„Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, потенцира Чулев.

Слична пратка со банани имаше лани во април кога неколку стотици килограми кокаин беа пронајдени во пакети со банани, во супермаркети од синџирот „Алди“ во Росток, североисточна Германија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во Охрид

Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил…