Кој е ликвидираниот осуденик во Ларце, тетовско

Јетон Реџепи е бегалецот осуденик кого полицијата денеска по кратка прeстрелка го застрела во тетовското село Ларце. Според информациите на Досие Реџепи во 2001 година бил припадник на ОНА.
38 годишниот Реџепи се барал со централна и меѓународна потерница за издржување затворска казна од 26 години и 10 месеци. Извршил тешки кривични дела и едно разбојништво. Осудуван е за убиство , обид за убиство , киднапирање и серија кражби.
Со оглед на тоа дека бил опасен по околината полицијата подготвила специјална акција за негово апсење. Но додека била спроведувана акцијата Реџепи возвратил со бомба кон полицајците. Се обидел да бега со тешко вооружување и панцир. На 200 метри од неговата куќа тој повторно почнал да пука кон полицијата која возвратила при што Реџепи бил смртно погоден.
Надлежен јавен обвинител врши увид на лице место на настанот во село Ларце заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, специјална единица за брза интервенција и единица за специјални задачи, како и Одделот за антитерористичка заштита од Управата за безбедност и контраразузнавање. Местото е обезбедено и се прибираат докази за кои претстои натамошно вештачење по дадени наредби од јавниот обвинител. Издадена и е Наредба за вршење на обдукција над починатиот., соопштија од Јавното обвинителство.

фото: Tetova sot

Total
0
Shares
Поврзани објави