Според информациите на Алсат-М, повредени од огнено оружје во тетовската касарна се Јовановски Мирослав 1999 г. од село Сарачино и Вели Шабани 1981 г. од Скопје.

Претходно, доктор Фатмир Салију од тетовската болница за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.

Настанот се случил во еден од хангарите во касарната К.Ј. Питу, по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.

#извор: AlsatM -TV