Клинички во среда половина час блокиран, револт на врабоените за поскапиот паркинг

Околу 2000 вработени од Клинички центар “Мајка Тереза” денеска преку протест го изразија својот револт од одлуката на Советот на Град Скопје месечниот билет за паркирање внатре во комплексот болници да поскапи од 300 на 800 денари. Тие излегоа на протест на просторот на Хелиодромот за време на предвидената пауза од 10 до 10:30 часот.

– Паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на Градски паркинзи – Скопје. Следниот чекор за нашиот револт ќе го изнесуваме пред наплатниот центар за паркинзите. Така, од среда од 10 до 10:30 часот ќе ја блокираме наплатата за излез од Клинички центар. Да знаат сите, дека во тој период ние ќе блокираме наплатата. Паузата е време во кое што ќе покажеме дека нема повеќе да не’ цедите по џебот и да не навредувате како професионалци – порачаа денеска луѓето во бели мантили кои сметаат дека поскапувањето на паркингот ќе се одрази врз буџетот за секој вработен.

– Градоначалникот Шилегов да внимава на своите изјави бидејќи длабоко го повреди нашето достоинство. Очекуваме одлуката да биде повлечена, а ќе понудиме и предлози и здрави решенија во интерес на вработените, но и на пациентите – се вели во соопштението од Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар.

Шилегов одлуката за поскапувањето ја правдаше со фактот дека ќе придонесе за регулирање на сообраќајниот хаос внатре во комплексот болници што се случува поради издадените 1.500 месечни билети по 300 денари, наспроти расположивите 670 паркинг места.

Total
0
Shares
Поврзани објави